Fotossss

Со празните плоштади на НАТО-журките се виде дека народот не сака промена на име и влез во НАТО

Jul 15 2018
(0) Comments

Единствена Македонија ја споделува големата радост со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните, кои, синоќа, преку празните плоштади и очајната посета на НАТО-журките, кажаа НЕ на капитулантските политики на марионетската власт во Скопје.

Со големиот сенароден отпор против НАТО-журките налик на своевиден консултативен референдум се виде дека народот не прифаќа промена на име и влез во НАТО и ЕУ.

Дури и Македонската радио телевизија како национален сервис прво најави дека ќе обезбеди пренос во живо од главната прослава во Скопје а во последен момент ја смени програмата откако ја видоа очајната посетеност на, како што ја нарекоа од марионетската власт „Големата граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“

Во новонастанатите околности кога народот синоќа се изјасни, сега повеќе нема потреба од референдум и најдоброто можно решение е марионетската власт во Скопје да ја информира грчката влада дека договорот за промена на името повеќе не важи.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните синоќа си го кажаа своето мислење. Се е јасно како ден!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 15 јули 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Вести

Дејли

Тајм

Грид

image_print