115 (фб)

Со одлуката Османи да го брани Законот за јазиците во Венеција, Заев потврди дека е потрчко на Ахмети

Dec 05 2019
(0) Comments

Одлуката на марионетската влада во Скопје Бујар Османи да го брани Законот за јазици пред Венецијанската комиисија покажува дека во заднина шеф во владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Зоран Заев е обичен потрчко без реална моќ да ја врши фунцијата премиер согласно Уставот и законите.

Како може Бујар Осмасни да го брани овој закон кога воопшто не му се битни интересите на македонските народ и поголем дел од државјаните на Македонија, туку Османи единствено го интересира воведувањето на јазична федерализација во Македонија како преодна етапа и до територијална федерализација.

Зоран Заев со секој чекор нанесува немерлива штета по угледот на Македонија. Лудилото на марионетската власт во Скопје мора да престане. Зоран Заев ќе биде катастрофално поразен на следните парламентарни избори кога и да се одржат.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ќе ги поништиме штетните договори и двојазичноста која произлезе од такнаречената тиранска платформа на антимакедонска основа. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 5 декември 2019

Македонски весник

image_print