3

Скандал, обвинетиот во „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец во позадина ги вртел и Заев и Мицкоски

May 11 2020
(0) Comments

Секојдневните препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни ја открија страшната вистина дека Зоран Заев и Христијан Мицкоски во позадина биле зависни  од обвинетото лице во „Рекет“ Зоран Милески Кичеец.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на одделни прес конференции се обвинија меѓусебно дека за време на локалните избори во Охрид 2017 година и претседателските избори во 2019 година, Зоран Милески Кичеец работел за Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Ова е во најмала рака скандалозно и опасно за државата кога Заев и Мицкоски се тепаат во јавноста да докажуваат чиј бил Кичеец. Произлегува дека Кичеец во позадина бил главен фактор околу кој се вртат Заев и Мицкоски. Поразително е за државата обвинети за криминал да доминираат во заднина над Заев и Мицкоски кои претендираат да ја управуваат државата.

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија имаат јасна определба за сузбивање во корен на оваа појава присутна во изминатите 30 години, рекетарски банди да доминираат на изборите а отпосле да бидат наградувани од власта.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 11 мај 2020

МИА

Скопје 1

ТВ Сител

Македонски весник

Охрид 1

Тајм

Грид

Вести

image_print