2

Централниот комитет на Единствена Македонија донесе битни одлуки за државата и партијата (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Dec 15 2019
(0) Comments

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата меѓу два конгреса, денеска, недела, 15 декември 2019 донeсе повеќe одлуки:

1. Централниот комитет усвои Декларација за прогласување на Единствена Македонија за наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ.

Единствена Македонија e единствената партија во Република Македонија која исконски е поврзана со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за самостојна и суверена Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана заштита на малцинските права според меѓународното право. Единствена Македонија своите корени ги полага во Уставот на историското ВМРО, славните илинденски традиции и Манифестот на АСНОМ за обединување на македонскиот народ согласно неотуѓивото и со ништо неограничено меѓународно правно признато-право на самоопределување за разлика од марионетските власти во Македoнија кои 30 години работат под странски диктат со немерлива штета за Македонија и Македонците.

2. Единствена Македонија донесе одлука на 11 јануари 2020 – една година од уставните измени и националното злосторство со промена на името да организира Семакедонски собир во Соборниот храм.

3. Единствена Македонија е подготвена за изборите во 2020 година и за таа цел е формиран Изборен штаб со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Ацо Николовски.

4. Централниот комитет изрази задоволство од досегашниот тек на неколку партиски активности, прво, Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ отпечатена во 100.000 примероци се дели низ Македонија со задоволително темпо и досега се поделени 45.000 примероци, второ, по утврдената динамика тече генералниот реизбор во 42 општински комитети на партијата, трето досега се отворени 21 општински штаб и до крајот на годината тој број ќе се зголеми на триесет.

Се за битката за Република Македонија!

Нека е вечно делото на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ!

Нека е вечна славата на борците за слободна и независна македонска државност!

Да ни е вечен споменот за историското ВМРО, Илинден и АСНОМ, да ни е вечна Република Македонија, да ни е вечна Единствена Македонија!

 

 

 

 

Централниот комитет на Единствена Македонија врз основа на член 17 од Статутот на Единствена Македонија, на седницата одржана на 15 декември 2019 година, донесе

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

за прогласување на Единствена Македонија за наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ

1.Со оваа декларација се прогласува Единствена Македонија за наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ за создавање на самостојна и суверена македонска држава.

2.Единствена Македонија e единствената партија во Република Македонија која своите корени и делување ги полага врз Уставот на историското ВМРО, славните илинденски традиции и Манифестот на АСНОМ за обединување на македонскиот народ согласно неотуѓивото и со ништо неограничено меѓународно правно признато-право на самоопределување.

3.Единствена Македонија е исконски поврзана со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за самостојна и суверена Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана заштита на човековите и малцинските права според меѓународното право.

4.Единствена Македонија ги оценува за неприфатливи и ги отфрла т.н. рамковен договор и промена на Уставот од 2001 година, Договорот со Грција за промена на светото македонско име и идентитетот на македонскиот народ и уставните измени од 2018 година, Договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија, законот за двојазичност, фалсификуваниот попис од 2002 година, усвоени од марионетските власти во Скопје купени и контролирани од странски центар кои 30 години управуваат со Македонија под странски диктат.

Со прифаќањето на ваквите акти од страна на марионетските власти во Скопје, се прави немерлива штета на македонскиот народ и преседан со исклучително тешки меѓународни последици.

5.Единствена Македонија секогаш била, е, и останува на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси и за таа цел, Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата горда Македонија. Единствена Македонија никогаш нема да го предаде името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија како наследник на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ има историска одговорност пред македонскиот народ и се заветува дека по секоја цена ќе истрае во битката за самостојна, унитарна и демократска Македонија во која Македонците ќе бидат свои на своето.

Се за битката за Република Македонија!

Нека е вечно делото на историското ВМРО, Илинден и АСНОМ!

Нека е вечна славата на борците за слободна и независна македонска државност!

Да ни е вечен споменот за историското ВМРО, Илинден и АСНОМ, да ни е вечна Република Македонија, да ни е вечна Единствена Македонија!

Е Д И Н С Т В Е Н А     М А К Е Д О Н И Ј А

15 декември 2019 година             ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА
Скопје                                                                д-р Јанко Бачев

 

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 15 декември 2019

Скопје 1

Македонски весник

image_print