115 (фб)

Роденденската журка на лидерот на ДУИ во државен објект покажа дека Зоран Заев е обичен потрчко на Али Ахмети

Jan 08 2021
(0) Comments

Роденденската журка на Али Ахмети во државен објект со непочитување на забраната на МВР за собирање на повеќе од 4 лица и кршење на протоколите за заштита во кризата, покажува дека во заднина шеф во државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Зоран Заев е обичен потрчко без реална моќ да ја врши фунцијата согласно Уставот и законите.

Функционерите на ДУИ на отворена сцена не фермаат забрани на МВР, ниту Устав и закони, а институциите и Заев сето тоа само немо го посматраат. Од друга страна, Македонците се секојдневно изложени на големи казни, политичко-полициски прогон со разноразни кривични пријави, полициски час само за православни празници, т.н. говор на омраза, уставобранителите се фрлени во занданите на Шутка за измислени дела за тероризам и што ли уште не.

Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Заев неизбрани од македонскиот народ кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ред. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 08 јануари 2020

Македонски весник

image_print