sostanok

Работен состанок со претседателите на ОК на НДМ од Општините во Градот Скопје

Jun 23 2010
(0) Comments

На ден 23 Јуни 2010 година, среда, во просториите на седиштето на НДМ во Скопје се одржа работна средба на претседателите на Општинските комитети на НДМ на територијата на Градот Скопје со претседателот на НДМ, Јанко Бачев, генералниот секретар на НДМ Илија Ташев и членот на Извршниот комитет на Народно движење за Македонија Драган Живковиќ.

Претседателот на НДМ Јанко Бачев имаше свое излагање во кое го повтори своето видување изнесено на повеќе пати во јавноста при неговите радио-телевизиски гостувања, дека е голема веројатноста од распишување на предвремени парламентарни избори во март 2011 година и при тоа потенцираше дека изборната платформа на која веќе работи работна група формирана од Извршниот комитет на НДМ, ќе биде понудена на усвојување на наредната седница на Централниот комитет на НДМ која ќе се одржи кон крајот на август, а усвоената платформа од Централниот комитет треба да биде основа на сите идни активности кои и претстојат на НДМ во врска со наредните избори.

На средбата се разговараше и за актуелната ситуација во општинските комитети на НДМ на територијата на Градот Скопје и за проблемите со кои се среќаваат ОК на НДМ во политичкото дејствување во своите општини. Во рамките на дискусијата посебен интерес разбудија излагањата на претседателите на општинските комитети на НДМ за нивната соработка со општински организации на други политички партии и во оваа насока реализацијата на некои заеднички иницијативи на локално ниво, а во функција на подобрување на условите за животот на граѓаните во општините каде живеат и дејствуваат.

Како заеднички заклучок се наметна прашањето, претседателите на општинските комитети на НДМ кои дејствуваат во општините на подрачјето на Градот Скопје, до наредната седница на Централниот комитет на НДМ, на која, покрај членовите на ЦК ќе учествуваат и претседателите на сите ОК на НДМ од целата држава, да свикаат седници на општинските комитети и притоа како и останатите ОК на НДМ во Републиката, да утврдат свое конкретно видување околу прашањето за коалицирање или самостоен настап на НДМ на наредните парламентарни избори.

Скопје, 23 јуни 2010
Центар за комуникации со јавноста на НДМ

image_print