31

Пучистичката влада повторно бара апсење на Бачев оти рекол Шиптари, а не им смета кога не викаат Северномакедонци, Славофони, Бајрамовци, Фиромани…

Aug 21 2018
(0) Comments

Пучистичката влада во Скопје дефинитивно не е македонска штом во денешната реакција се потресе од зборот Шиптари во изјавата на претседателот Бачев и бара негов кривичен прогон, а од друга страна е согласна кога албански политички лидери и историчари не нарекуваат Северномакедонци, Славофони, Бајрамовци, Фиромани„ а најново еден од тие лидери изнесе ноторна лага дека Македонците се измислени, немаат историја, ги немало во ниеден попис пред 100 години…

Според антимакедонската логика на пучистичката влада во Скопје, Северномакедонци, Славофони, Бајрамовци, Фиромани не е навреда за Македонците, а Шиптари е навреда за Албанците.

Маските паднаа. Основано може да се изведе аргументот дека македонската влада е управувана од немакедонци.

Единствена Македонија потсетува, дури и менторот на инсталираната власт во Скопје американскиот амбасадор Џес Бејли при неговото доаѓање во Македонија доминантното население го нарече Словени, а не Македонци.

Со таквиот однос на антимакедонските власти во изминатите 27 години, Албанците се пред трета албанска држава, а Македонците пред исчезнување, но, среќна околност е што новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, става крај и ќе ги сосече во корен антимакедонските политики.

Патем, Шиптар (албански: Shqip(ë)tar) е словенизиран облик на етнонимот со кој Албанците се нарекуваат самите себеси. Називот Шиптари (Shqiptarët) започнува да се употребува за време на Народно-ослободителната борба на Југославија како замена за претходните синоними Арбанаси Арнаути, како и Шипнија (Shqipëri, Shqipni) наместо Арбанија (т.е. Албанија). Воведувањето на зборот требало да послужи како исказ кој наведува на единството на албанскиот народ кој живеел во Југославија и Албанија. Значи, зборот е албански!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 21 август 2018

Медиуми:

ТВ 21

ТВ Алсат – М

ТВ Канал 5

ТВ 24Вести

Фокус

Опсервер

Независен весник

Прес 24

МКД новости

Фокус

ТВ 1 тв

ТВ 21

Радио Слободна Европа

Нова

Република

Прес 24

Инфомакс

ТВ 1тв

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print