Фотографија

Претседателскиот кандидат Петровски поднесе барање за списокот на делегати на Конвенцијата во Струга

Feb 02 2019
(0) Comments

Кандидатот за претседател од „Македонија – Блокира„ на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски,  денеска, сабота, 2 февруари 2019 поднесе барање до Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го добие списокот на делегати на Конвенцијата во Струга на 16 февруари каде ќе се избере кандидатот за претседател на Република Македонија.

Исто така, од страна на Петровски е побаран и списокот на претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето е со цел кандидатот Петровски во непосредни презентации да ги запознае делегатите на Конвенцијата како и членството преку општинските комитети со своите програмски определби како претседателски кандидат.