118

Претседателот Бачев го поздрави обединувањето на бранителите

Jun 23 2013
(0) Comments

Претседателот на НДМ, д-р Јанко Бачев на покана на Форумот за безбедност, денеска, сабота, 22.06.2013, се обрати на средбата на девет здруженија на македонските бранители на која беше потпишана Декларација со која се обединуваат во остварувањето на правата кои ги заслужуваат.

Во својот говор д-р Бачев го поздрави потпишувањето на Декларацијата која е на иницијатива на Форумот за безбедност, а со која во иднина македонските бранители заеднички ќе настапуваат во остварувањето на своите права, односно ќе настојуваат да им се признае она што го сториле во 2001-ва.

– Искрено се надевам дека со овој денешен чин конечно дојде крајот на несогласувањата на здруженијата на македонските бранители и расправиите меѓу поединци во овие организации ќе станат минато. Во 2001-та се боревте за Македонија, сега во својата држава се чуствувате како граѓани од втор ред. Во 2001-та војната беше изгубена поради политичките сценарија и внатрешни предавства а не поради неспособноста на македонските бранители кои војнички можеа во секое време да ги решат терористите од тогашната ОНА. Бранителите го сторија своето во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, сега на ред е државата да им се одолжи- рече меѓудругото д-р Бачев.

Скопје, 22 јуни 2013
Центар за комуникации со јавноста на НДМ

image_print