5

Претседателката на Унијата на млади сили на Единствена Македонија Кристина Страхиловска: Спремни сме за Македонија, држава на млади успешни луѓе

Feb 29 2020
(0) Comments

Се одржа конститутивна седница на новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на Единствена Македонија со новоизбраната претседателка Кристина Страхиловска и потпретседателот Виктор Станковски.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата, за генерален реизбор во Унијата на жени и генерален реизбор во Унијата на млади сили.

На настанот присуствуваа претседателот и генералниот секретар на партијата, Јанко Бачев и Ацо Николовски, кои во своите поздравни говори упатија честитка до новиот Извршен комитет на Унијата на млади сили на Единствена Македонија.

Претседателката на Унијата на млади сили на Единствена Македонија Кристина Страхиловска истакна дека е горда на големиот број млади кои секојдневно пристапуваат на партијата, но и на шрироката инфраструктура на општински комитети на Унијата на млади сили. Младите од Единствена Македонија се подготвени за изборите и целосно да го дадат својот придонес во доаѓањето на новата легална власт на Единствена Македонија која ќе ја спроведе нашата цел, Македонија, држава на среќни луѓе, држава на млади успешни луѓе кои нема да заминат надвор од татковината туку ќе го дадат своето знаење за подобро утре на сите нас. Заеднички со младите до победа за Македонија, да си ја вратиме изгубената држава, за Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на сите државјани на Република Македонија според меѓународното право – потенцираше претседателката Страхиловска.

Заеднички со младите, за Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 29 февруари 2020

image_print