159

По студениот туш од Макрон и Меркел, Заев ќе заврши во стилот на полтроните – сите ги посакуваат но никој не ги цени

Apr 30 2019
(0) Comments

Странскиот измеќар Зоран Заев вчера во Берлин доби студен туш од Анѓела Меркел и Емануел Макрон каде му беше пренесени разочарувачката информација дека се мали шансите на Македонија за придружување кон Европската унија.

Со ваквите ставови на Меркел и Макрон излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша се што е македонско во замена за некакво обично ветување за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската унија.

По студениот туш од Макрон и Меркел, Заев ќе заврши во стилот на полтроните – сите ги посакуваат но никој не ги цени, но, за предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има.

Настрана и личната трагедија на потписникот на Договорот за промена на името, министерот Никола Димитров кој дури се откажа од својот татко Димитар Димтров оти со договорот (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Македoнија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија,  и сега според договорот тие – татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Прва задача на новата власт на Единствена Македонија ќе биде поништување на Договорот за промена на името со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ како спротивен на домашното и меѓународното право.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 30 април 2019