4

По победата на изборите, не само што ќе има лустрација, туку ќе ја прошириме и со кодошите на странски служби

Jan 17 2020
(0) Comments

Ја информираме јавноста дека новата легална власт на Единствена Македонија по победата на изборите веднаш ќе донесе нов закон за лустрација со кој ќе се овозможи брза, ефиксна и правична лустрација со цел прочистување на општеството од соработниците на Службата за државна безбедност кои кодошеле од идејно политички причини.

Ова од причина што, мора да престане практиката во Република Македонија функционери – кодоши и функционерски деца на кодоши и понатаму да ја водат државата. Професори – кодоши и натаму да ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели – кодоши и натаму да ни сервираат фалсификувана историја. Новинари – кодоши и натаму да го креираат јавното мислење. Олигарси – кодоши што извршија економска диверзија врз сопствениот народ и натаму да го крадат народот.

Истовремено,  лустрацијата ќе биде проширена и со кодошите на странски служби и држави кои работат против интересите на Република Македонија со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 17 јануари 2020

Опсервер

Скопје 1

Македонски Весник

Народен Глас

Вести

Грид

image_print