115 (фб)

Постапката против инспекторот Илиевски е уште една потврда оти законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Jul 12 2019
(0) Comments

Единствена Македонија и македонскиот народ со неверување ја слушаат одлуката на Државниот просветен инспоекторат да покрене постапка за одговорност против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски само за тоа што го обелодени скандалот дека функционери на ДУИ спротивно на законот стекнувале наставно-научни звања (доцент и вонреден професор) на Државниот универзитет во Тетово.

Единствена Македонија на повеќе наврати ја информираше јавноста за случаи во кои законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците. Дури, припадниците на албанското малцинство толку се охрабрени што веќе на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а државните органи сето тоа само немо го посматраат.

Единствена Макеоднија кажува директно и јасно – ние сме во полиитката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ред. Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 12 јули 2019

 

Скопје 1

Макпрес