Фотографија

Поставувањето и поклонувањето на Заев пред споменик на бугарски полковник е голем срам за Македонија

Jul 31 2019
(0) Comments

Единствена Македонија пред три дена ја информираше јавноста дека во Македонија е донесен споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев кој треба да се постави во Дојран со што Зоран Заев и преку туѓи војсководци ја брише Македонија и Македонците.

Денес дојде потврдата дека споменикот на Кавараналиев веќе е поставен, а Зоран Заев утре во Дојран со бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе се поклонат пред споменикот на бугарскиот полковник.

Единствена Македонија го прашува Заев дали знае дека подигнува и се поклонува пред споменик на личност која бил претставник на политиката што имала за цел да ја подели Македонија и нејзино распарчување и уништување.

Споменикот на Карневалиев ќе покрене лавина барања од Србија и Грција кои би сакале да подигнат споменици и на нивните команданти што војувале во Македонија.

Во составот на бугарската војска во Балканските и првата светска војна имало околу 30.000 Македонци, голем број имало и во српската и грчката војска поради тогашните историски околности а за сите тие војници нема ниту еден споменик, а се согласуваме да се гради споменик на офицер кој ја претставувал големобугарската политика.

Зоран Заев со секој чекор нанесува немерлива штета по угледот на Република Македонија. Лудилото на марионетската власт во Скопје мора да престане. Зоран Заев ќе биде катастрофално поразен на следните парламентарни избори кога и да се одржат. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги отстрани сите споменици на антимакедонска основа.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 31 јули 2019

Медиуми:

Скопје 1

Макпрес

Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид