Фотографија

На централните митинзи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не дојде народот туку добро познатите клиенти на овие две партии

Apr 15 2019
(0) Comments

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по централните митинзи во Скопје шират лажна пропаганда дека народот масовно ги подржал нивните митинзи иако вистината излезе на површина и сите прогнози дека народот е заситен од нивното 30 годишното владеење во кое само крадат, лажат и ја растураат државата, се потврдија како точни.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на митинзите довлечкаа едвај по десетина илјади митингаши и оваа бројка не е никаков проблем оти секоја владеачка гарнитура кога доаѓа на власт, ја има можноста да прераспореди околу 9.000 лица, сметајќи ги тука илјадниците најниски раководни шефчиња низ државата, па се до бројните функционерски именувања и назначувања.

Произлегува дека на митингот на СДСМ присуствувале само овие лица, кои се стекнале со одредени партиски привилегии по доаѓањето на власт на оваа партија, а на митингот на ВМРО-ДПМНЕ биле оние околу 9.000 луѓе кои сега се на резервната вмровска клупа, кои своевремено со промената на власта се сменете, па, сега, силно мотивирани од цврстите партиски ветувања дека со  повторното доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ, по автоматизам ќе си ги повратат раководните места во јавната и државната администрација,

На централните митинзи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не излезе народот, туку, организирано со автобуси беа донесени добро познатите клиенти и муштерии на овие две партии силно мотивирани од лични и клиентелистички побуди.

Народот не излезе за партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицквоски и нивните претседателски кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова бидејќи на македонскиот народ му треба македонски кандидат за одбрана на националните и државните интереси, а Пендаровски и Силјановска се далеку од тоа.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 15 април 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Весник

Вечер

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид