51

На денешен ден пред 19 години Македонија престана да биде држава

Aug 13 2020
(0) Comments

Денеска се навршуваат 19 години од капитулантскиот Рамковен договор на кој властите во изминатите 19 години му придаваат нереално историско значење. Јавноста е сведок дека за годишнината владее молк во земјата за овој настан. Во Македонија нема чествување и веселби на 13 август, денот, кој од властите се означува како историски.

Но вистината е поинаква. Со Рамковниот договор Македонија престана да биде држава како сите нормални држави кои базираат на концептот на национални држави со гарантирана положба на малцинските права според меѓународното право.

Со договорот Македонија стана збирштина на заедници од кои само Македонците останаа без своја национална држава за разлика од останатите заедници кои имаат свои матични национални држави. Рамковниот договор и понатаму останува длабоко трауматичен за македонската национална свест и оттука сите македонски патриотски и национални сили имаат света должност да се залагаат за негово поништување и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиот народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за нашиот народ и држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 13 август 2020

Скопје 1

Македонски весник

Макпрес

Тајм

image_print