115 (фб)

Молкот на МАНУ на агресијата на македонските јаничари во БАН е соучество за кое се одговара

Dec 14 2019
(0) Comments

Единствена Македонија силно го осудува очајничкиот обид за негирање на македонскиот јазик од страна на македонските јаничари во Бугарската академија на науките кои не издржале во историјата. Но, крајно симптоматично и загрижувачки на агресијата од БАН е целосниот молк и плашливост од страна Македонскат академија на науките и уметностите.

Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ.

Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник во рушење на се што е македонско, за академиците одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 14 декември 2019

Макфакс

24Инфо

Прес 24

Вечер

Весник

Тајм

Грид

Дејли

Вести

image_print