115 (фб)

МНР да го протера косовскиот амбасадор поради кршење на меѓународното право

Aug 04 2019
(0) Comments

Единствена Македонија го повикува министерот во МНР, Никола Димитров, веднаш да го протера косовскиот амбасадор во Република Македонија поради грубо мешање во внатрешните работи на нашата држава.

Косовскиот амбасадор во телевизиска изјава официјално и се закани на Македонија доколку дојде до екстрадиција на косовски државјанин во Србија кој мометално е во екстрадициски притвор во Македонија.

Постапката за екстрадиција е во исклучителна надлежност на судовите во Република Македонија, а мешањето во внатрешните работи и непочитувањето на должноста на членовите на дипломатските мисии да ги почитуваат законите и прописите на територијалната држава е спротивно на член 9 од Винеската конвенција за дипломатски односи.

Свесни сме за фактот што марионетскиот министер Димитров како страснки слуга  ќе мора да се консултира со своите странски газди, но, доколку Македонија подлегне на притисокот од една виртуелна држава наречена Косово, тогаш Македонија дефинитивно не може да се смета за држава во вистинска смисла на зборот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 4 август 2019

Скопје 1

Макпрес

Опсервер

Тајм

Дејли

Вести

image_print