Фотографија

Мицковски опиен од желбата за власт не може да го разбере предавството на осумината одметнати пратеници

Mar 28 2019
(0) Comments

Единствена Македонија со жалење констатира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски не може да разбере што значи политички интерес, а што значи национален и државен интерес.

Мицковски најави можно враќање во ВМРО-ДПМНЕ на осумината купени и уценети пратеници кои се одметнаа од ВМРО-ДПМНЕ за да го извршат најголемото предавство во поновата македонска историја со обезбедувањето на неопходните гласови за уставните измени за бришење на се што е македонско.

Мицковски враќањето на осумината пратеници во ВМРО-ДПМНЕ го правда со изјавата дека во политиката ништо не било невозможно, со што, Мицковски опиен од желбата за власт не може да разбере што значи национален и државен интерес, бидејќи, бришењето на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ  со клучната улога на осумината пратеници не може да се гледа според логиката на политиката, туку треба да се гледа според логиката на нацијата и државата и дека нивното предавство треба да остане забележано.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 28 март 2019

Медиуми:

А1 он

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид