
Мицковски и должи одговор на јавноста кој е неговиот противник – Јанко Бачев или Зоран Заев
-
- Posted in Соопштенија
- Tags:
Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ изразува загриженост поради штетното однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во семакедонската борба да се спречат уставните измени.
Наместо сплотени и единствени во борбата против марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, Мицковски отвора фронт против Единствена Македонија.
Познато е дека минатата сабота „Македонија-Блокира„ со прилепските бранители протестираше во Прилеп, по што се највија блокади во Прилеп секоја сабота.
Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ околу месец дена маршира секоја среда во Скопје и секоја недела во некој град во Македонија.
Меѓутоа, Мицковски наместо во недела, одеднаш прави неочекуван пресврт и денес, сабота, ќе маршира во Прилеп со цел да ги неутрализира блокадите на „Македонија-Блокира“. Водени од националните и државните интереси и избегнување на паралелизам во Прилеп, ја информираме јавноста дека денес, сабота, „Македонија-Блокира„ нема да блокира во Прилеп во интерес на македонското единство.
Ќе разбере ли Мицковски дека заедничкиот противник е Зоран Заев. Разбира ли Мицковски дека ова не е битка за поединци или лидери, ова е битка за опстанок на цел еден народ.
Мицковски и должи одговор на јавноста, кој е за него противник во борбата за одбрана на македонскиот народ – Јанко Бачев или Зоран Заев.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 22 декември 2018
Медиуми: