159

МВР го охрабрува албанскиот сепаратизам, кривични пријави за говор на омраза само за Македонци, а не и за Албанци

Nov 23 2018
(0) Comments

Поминаа два дена од скандалозниот говор на омраза на Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети кои во друштво на албанскиот претседател Илир Мета среде Скопје „летаа орли„ а од МВР целосен молк.

Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува кривични пријави против Македонци за наводен говор на омраза меѓу кои и три кривични пријави од МВР против претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ.

Во Македонија се гони говор на омраза од Македонци, а не и од Албанци. Со ова, МВР го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање на големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија.

Оваа катастрофа што ја предизвикува марионетската власт во Скопје, законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане. Одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 23 ноември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Центар

Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид