114 (фб)

Марионетската власт да престане со провокации оти после плачат кога ги тепаат

Jul 14 2018
(0) Comments

Марионетската власт во Скопје со најновата НАТО журка низ 15 градови низ државата, продолжува со провокации спрема народот налик на оние од 27 април лани кога со слични провокации го принудија народот да влезе во Собранието во одбрана на уставниот поредок.

Единствена Македонија ја разбира уплашеноста на марионетската власт дека народот не сака во НАТО и промена на името, но, ова не им дава за право со прослави да шират лаги бидејќи Македонија ниту доби покана за членство во НАТО ниту доби датум за преговори со ЕУ.

Дотолку повеќе, т.н. НАТО журка е уште и луксузирање врз грбот на граѓаните со бесмилосното трошење на народни пари од буџетот.

Единствена Македонија најдобронамерно ја советува марионетската власт во Скопје да престане со провокации спрема сопствениот народ оти после плачат кога ги тепаат, дотолку повеќе, може да дојде до немили настани во кои рушењето на Македонија и Македонците нема да остане само на тепањето и влечењето во Собранието.

Единствена Македонија повторува дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името а единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише се што е македонско од што ќе се срамат од нив и нивните поколенија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 14 јули 2018

Медиуми:

Макфакс

Вечер

Весник

Македонија 365

Опсервер

Точка

Агенда

Тајм 

Вести

Дејли

Грид