115 (фб)

Марионетската власт во Скопје лаже дека добива покана за членство во НАТО

Jul 11 2018
(0) Comments

Единствена Македонија ја осудува бесрамната пропаганда и новинарскиот терор врз нацијата од марионетската власт во Скопје во обидот да прикаже дека Републка Македонија на Самитот на НАТО во Брисел добива покана за членство во НАТО.

Ова е една голема лага, бидејќи, Република Македонија во Брисел добива само обично ветување дека во некоја иднина ќе добие покана за членство во НАТО, иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка, за која уште сега може да потврдиме дека во иднина и навистина нема да се оствари.

Лагата е уште поголема ако се знае дека природата на поканата за пристапување во НАТО е јасно пропишана во членот 10 од Северно атлантскиот договор од 4 април 1949 година, што значи дека марионетската власт во Скопје бесрамно лаже на очиглед на овие неспорни факти.

Единствена Македонија го повторува на повеќе пати кажаното во јавноста дека Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името.

Единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише се што е македонско, кои требало да размислуваат не само за моментот оти се доведоа во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 11 јули 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Радио Слободна Европа

Вечер

Весник

Точка

Тајм

Дејли

Вести

Грид