115 (фб)

Македонија вчера во Дебар престана да биде држава со понижувањето од албанскиот претседател Илир Мета

Nov 22 2020
(0) Comments

Република Македонија вчера во Дебар со целосното понижување од страна на албанскиот преседател Илир Мета престана да биде држава.

Албанскиот претседател не фермајќи ги македонските државни органи и надвор од сите државнички протоколи си влезе во Дебар каде во друштво на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, Талат Џафери и Али Ахмети среде Дебар во македонски град „летаа орли„ и вееја албански знамиња, а од власта во Скопје целосен молк.

За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ.

Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува пријави против Македонци за се и сешто а вчера во Дебар каде е повреден суверенитетот на државата, нема реакција.  Со ова, власта во Скопје го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање на големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија. Оваа во основа антидржавна и антимакедонска катастрофа , законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане. Одговорност мора да има.

Центар за комуниикации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 22 ноември 2020

Скопје 1

image_print