34, Прилеп, 15.12.2018

(ВИДЕО) “Македонија-Блокира„ вчера протестираше во Прилеп, денеска го блокира патниот правец Охрид-Струга

Dec 16 2018
(0) Comments

„Македонија-Блокира“ вчера, сабота, 15 декември, учествуваше на сенароден македонски протест во Прилеп со Здружението „Прилепски бранители“, а денес, недела, 16 декември е на блокада на патниот правец Охрид – Струга кај Мислешево во периодот од 13:00 до 16:00 часот. Со овие активности „Македонија – Блокира„ започна со најавуваните протести и блокади надвор од Скопје и во други градови низ Македонија.

„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.

Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

Отпорот се шири низ цела држава. Македонија – Блокира денес, сабота, 15 декември 2018 во Прилеп!

Posted by Единствена Македонија on Saturday, December 15, 2018

Отпорот се шири. Денес, сабота, 15 декември блокираме во Прилеп!

Posted by Единствена Македонија on Saturday, December 15, 2018

Posted by Dragan Ugrinovski on Saturday, December 15, 2018

Сабота, 15 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

ТВ Сител

24 Инфо

Инфомакс

Република

Весник

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид