29

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по стапките на Зоран и Заев, Христијан вели едно а Мицкоски друго

Jun 04 2019
(0) Comments

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија во изминатиот период се запознаа со двојната личност на Зоран Заев оти се изнагледавме како за исти случаи едно зборува Зоран а по извесно време го демантира и друго зборува Заев.

Христијан Мицккоски трнува по стапките на Зоран Заев. Христијан Мицкоски се трансформира во двојна и подвоена личност на штета на македонските национали и државни интереси.

Христијан Мицкоски од Германија по повод големиот ракометен успех на Вардар упатуваше патриотски пораки за големиот Вардар од Македонија а само по еден ден, поточно, вчера, раководството на ВМРО-ДПМНЕ на средбата во Скопје со сите амбасадори од Севреноатланскиот совет на НАТО велат дека „врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на Македонија во НАТО“ а токму со членството на Македонија во НАТО се бришат Македонците.

Лагите и двојните игри кај македонскиот народ и државјаните на Република Македонија повеќе не минуваат. Ваквите срцепарателни пораки во кои Христијан е за Македонија и Македонците а Мицкоски е за НАТО кој ги брише Македонија и Македонците, не поминуваат.  

Народот очекува одговор на прашањето, кој се премислува, Христијан или Мицкоски?

Центар за комуникации на Единстена Македонија
Скопје, вторник, 4 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид