115 (фб)

Кој ќе прави бизнис во милиони евра со рудникот Иловица, Зоран или Заев?

Jun 18 2019
(0) Comments

Единствена Македонија ги подржува протестите на локалните жители од општините Босилово и Ново Село и активисти од екодвижењето „Здрава котлина„ кои беа реактивирани вчера и ќе траат до конечното спречување на изградбата на рудникот Иловица-Штука.

Случајот со рудникот за злато и бакар Иловица-Штука е дефинитивна потврда за Зоран Заев како двојна личност оти се изнагледавме за исти случаи едно зборува Зоран а друго Заев.

Зоран Заев пред две години беше решително против изградбата на рудникот Иловица-Штука, а сега не се противи на градбата на рудникот ама ја замајува јавноста дека владата ќе формирала мониторинг тело кое ќе го надгледувало рудникот.

-„Дозволете да се обратам за да го знаете нашиот став и како влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на владата. Ставот на владата е многу логичен, нешто што го чекаат граѓаните. Лично јас но и владата сме против изградба на рудникот и ќе направиме се да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани“ – рече Зоран Заев на промоцијата на Боро Стојчев како градоначалник на Општина Ново Село во 2017 година.

Се поставува прашањето што е тоа што сега го промени ставот на Заев и на владата во врска со здравјето и животот на граѓаните. Дали тоа е бизнис интересот на Заев и фамилијата во милиони евра за транспорт на 15 милиони тони руда со камиони од Иловица до Република Бугарија а веќе се знае која од триесетината фирми од кланот Заеви и нејзини партнерски фирми ќе го вршат превозот. Бизнисот со златото од овој рудник кој според проценките на Геолошкиот завод на Република Македонија е 70 тони, е посебна приказна.

Засега останува само дилемата, кој се премислува, Зоран или Заев?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 18 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид