Кекеновски: Владата ургентно да додели по 500 евра на секое семејство

Изјава, Коалиција „Никогаш северна – само Македонија“
проф. д-р Јове Кекеновски, претседател на ФРОДЕМ член на Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“
Скопје, сабота, 21 март 2020

Јове Кекеновски денеска во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ промовираше уште една мерка од Пакетот мерки што ги предлагаме до владата во врска со состојбата со коронавирусот.

Во изјава за јавноста Јове Кекеновски рече:

Почитувани дами и господа, почитувана јавност на Република Македонија,

Се обраќам во името на коалицијата Никогаш Северна Само Македонија во врска со последната одлука на советот на народна банка каде што им остава на банкарите сами да одлучат дали ќе овозможат на граѓаните пролонгирање за плаќањето на ратите за кредитите за три и повеќе месеци.

Со оглед на фактот дека банкарите секогаш го гледаат својот интерес, сметаме дека советот на Народна Банка на Република Македонија не постапи рационално и во интерес на своите сограѓани, односно не им наложи на банкарите да им направат одложување на каматите и ратите кои што ги имаат по банките, онака како што го направија по побогатите држави во светот.

Сметаме дека владата на Република Македонија треба да излезе во пресрет на се потешката ситуација на граѓаните на Република Македонија со еднократна парична помош, и ние предлагаме тоа да биде 500 евра по семејство во Република Македонија.

Скопје 1

Македонски весник

Макфакс

24 Инфо

Канал 5

Радар

Поглед

24 Новости

Тајм

Грид

Вести

Дејли