Фотографија,

Измеќарот Заев опиен од власт и профит не може да разбере што значи сплотеност за национален интерес

Jan 11 2019
(0) Comments

Откако дојде до сплотеност и единство во одбрана на името и од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, и од Единствена Македонија и големиот број организации кои членуваат во „Македонија-Блокира“ и воопшто од сите национални и патриотски сили во земјата и дијаспората, странскиот измеќар Зоран Заев е во паника и затоа секојдневно по налог на своите странски газди плука против сплотениот македонски народ кој се бори да го спречи Заев да избрише се што е македонско.

Борбата за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ  не е битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!

За жал на македонскиот народ, измеќарот Зоран Заев опиен од својата поданичка улога спрема своите странски газди и болните амбиции за власт и ненормално трупење на профит од позиција на власт не може да разбере што значи национален и државен интерес на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 11 декември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Прес 24

Точка

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид