101

Иванов да го повлече актот за определување на Заев за мандатор на владата

Oct 21 2018
(0) Comments

Марионетската власт во Скопје со поткуп од по два милиони евре по пратеник и закани со затвор за пратеници или членови на нивни семејства ја донесе во Собранието одлуката за пристапување кон измена на Уставот.

Борбата за спречување на продажбата на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е света должност за секој Македонец оти влогот е голем – опстанок или бришење на се што е македонско.

Единствена Македонија го повикува претседателот Иванов да преземе една поактивна улога во оваа света борба на македонскиот народ.

Да потсетиме, Иванов го даде мандатот за состав на владата откако Заев потпиша гаранции и се обврза на заштита на уставниот поредок, заштита на државните интереси, носење на одлуките според основните демократски принципи и владеење на правото, не додведување на Републиката во положба на зависност спрема друга држава и притоа Заев се обврза дека секој документ на владата спротивно на овие гаранции не важи.

Значи, Иванов му додели мандат на Заев под раскинлив услов. На очиглед на целата јавност раскинливот услов е настапен оти гаранциите дадени од Заев се прекршени.

Единствена Македонија го повикува Иванов да го повлече актот за определување на Зоран Заев за манадатор на владата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 21 октомври 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

ТВ 21

Прес 24

Фокус

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид