Фотографија 1

Зошто кога СДСМ е на власт, од Македонија бегаат германски автомобилски гиганти

Mar 11 2019
(0) Comments

Единствена Македонија дојде до информации дека германскиот автомобилски гигант Волсфаген ја одминал Македонија и ќе гради фабрика во Србија не поради деловни причини туку како резултат на големата провизија што ја побарала марионетската власт во Скопје.

Да потсетиме, и за време на владеењето на СДСМ во 1994 беше договорено со германскиот производител на автомобили „Ауди“ да гради фабрика во Македонија и овој проект беше наречен „Асиба-МГ Ауди 3“, меѓутоа, пресвртот настанува кога тогашниот министер Ј.М. во содејство со тогашниот премиер Бранко Црвенковски побарале дополнителни 15 милиони тогашни германски марки провизија откако педантните германци го исплатиле претходно тоа што веќе им било побарано.

Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија подолго време се прашуваат зошто кога СДСМ е на власт германските автомобилски гиганти бегаат од Македонија.

Одговорот дојде. Марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар знае да работи само со провизии во услови кога нивните странски газди од НАТО не ги интересира грабежот, туку само сакаат марионети кои верно ќе им служат. Откако марионетската власт избриша се што е македонско, ја доби сега наградата од странците да ужива во безаконие, коруција и криминал нечепнати од никого.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 11 март 2019