115 (фб)

Зошто Заев се плаши да ги испита Карпалак, Вејце, Љуботенски пат, во кои извршители се неговите колеги од ДУИ

Aug 08 2019
(0) Comments

Зоран Заев врши масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваат инволвираните Албанци во овие случаи.

Единствена Македонија по повод 18 години од крвавиот масакр кај Карпалак го повикува Зоран Заев да ги испита случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце и Љуботенски пат, а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Единствена Македонија е свесна за стравот кај Заев да ги расчисти случаите со македонските бранители, земајќи предвид дека убијците на бранителите седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ.

За Единствена Македонија нема дилема. Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја од страна на колегите на Заев од ДУИ, мора да се расчистат.

Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно, постојат оперативни докуметни во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА, а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 8 август 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

image_print