22

Зоран Трајчевски е нов претседател на ОК Единствена Македонија Новаци

Feb 06 2020
(0) Comments

Вечерва, 06.02.2020, во Новаци се одржи Изборно собрание за избор на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Новаци  За нов претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Новаци е избран Зоран Трајчевски. На настанот присуствуваа претседателот на партијата проф. д-р Јанко Бачев и членот на Извршниот комитет на партијата проф. д-р Вангел Симев.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата.

Единствена Македонија е последната надеж за Македонија и Македонците и најсилната трета партија која може да го сруши двопартизмот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.

Приклучи се на Единствена Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 6 февруари 2020

image_print