38

Звонко Петрески е нов претседател на ОК Единствена Македонија Прилеп, Мартина Станојоска е нова претседателка на ОК Унија на Жени Прилеп

Feb 01 2020
(0) Comments

Вечерва, 01.02.2020,  во партискиот штаб во Прилеп се одржи Изборно собрание за избор на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп и избор на Општинскиот комитет на Унијата на жени на Единствена Македонија Прилеп. За нов претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп е избран Звонко Петрески, а за нова претседателка на Унијата на жени на Единствена Македонија Прилеп е избрана Мартина Станојоска. На настанот присуствуваа претседателот на партијата Јанко Бачев, генералниот секретар Ацо Николовски и членот на Извршниот комитет Вангел Симев.

Имено, со тоа се спроведува одлуката на Извршниот комитет на Единствена Македонија за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата.

Единствена Македонија е најсилната трета партија која може да го сруши двопартизмот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, продолжуваме да бидеме отворени за секој со желба за политички активизам и борба, посебно сега кога Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.

Приклучи се на Единствена Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 1 февруари 2020

 

image_print