31

За лагите на кодошите Влахов-Мицов и Миленко Неделковски

Oct 13 2018
(0) Comments

Ми пренесоа дека кодошите Стефан Влахов Мицов врбуван од службата на материјална основа и Миленко Неделковски врбуван од службата многу одамна на компромитирачка основа, ми посветиле цела фејсбук емисија. Значи, повторно се здружиле „кучето и мачето„ иако Влахов-Мицов до скоро го нарекуваше Миленко козојебачот а овој му враќаше со ноктето со јасна алузија што мисли.

Како и да е, лагите на Миленко и Влахов-Мицов ме потсетуваат на еден епитаф – мртвите не се тепаат, но живите имаат поинаков темперамент. Всушност, Влахов-Мицов не увери во сплеткарењата и интригите на тајната служба преку свои проверени кодоши да пласира конструкции и лаги. Тајната служба ја отвора последната карта да ја оцрни Единствена Македонија и мене како нејзин претседател оти добро знаат дека доаѓа новата легална власт на Единствена Македонија.

Со презентирање на факти да ги разобличам овие диригирани полициски сплеткарења.

1.Влахов Мицов рекол дека при посетата на Москва јас сум барал на политичките средби, внимавајте добро, средби со руската служба!

Еве ги фактите: Во Москва имаше средби со лидерите на Евроазиското движење, Александар Дугин и Леонид Савин и во руската Дума со Инга Јумашева од Комитетот за надворешни работи. За какви руски служби зборува Влахов-Мицов кога имаше вообичаени политички разговори, ама по се изгледа на Влахов во главата постојано му се вртат служби оти нели потсвеста е чудна работа. Ги повикувам сите заинтересирани (новинари или обични граѓани) да дојдат во партијата, луѓето со кои разговаравме во Москва се живи и здрави, ги имам нивните телефони и лично ќе направиме разговор со нив да ги прашаме што е разговарано на средбите. Дури, тука Миленко фрлил лага дека во мај сме се претставувале како застапници на Дугин и Савин, па, нека повели да извади една таква наша изјава освен што со Савин имавме заедничка прес конфеенција по завршувањето на политичката школа што ја организираше во Скопје нашата партија под менторство на Леонид Савин. И толку! 

2.Влахов-Мицов кај Миленко си дал нереално значење дека одлуките се носеле на паритетна основа со негова согласност, дека сме ги цитирале неговите колумни и слични небулози.

Еве ги фактите: Влахов-Мицов беше само еден од повеќето членови на Извршниот комитет, а точно е дека ги кочеше сите акции на партијата, како на пример, да не се подржуваат протестите во јуни пред Собранието, да нема секојдневна реакција (соопштенија, пресови) против владините политики, да не мислиме на избори оти избори ќе нема, бидејќи руските тенкови и авиони веќе биле во Србија, па ќе тргнале накај Македонија, па да донесеме одлука за воено крило во партијата и откако му беше кажано дека партиите немаат таква можност, инсистираше да имаме барем одлука со што сега станува јасно доколку имавме одлука тајната служба ќе имаше законска основа да не испоапси.

Всушност, Влахов-Мицов цело време работел да ја оцрни идејата за Русија која народот почна да ја прифаќа на нашите средби низ државата. Нашата определба како партија беше да прикажеме еден нов модел, дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон, дека има други алтернативи, дека има сојузи во светот кои не бараат промена на името и идентитетот и сето тоа народот постепено да го осознава и апсолвира оти факт е дека ние живееме 27 години во една брутална пропаганда за НАТО и ЕУ. Наместо ова, Влахов-Мицов на средбите по комитетите и граѓаните даваше манипулативни очекувања, дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични глупости (се сеќавате, за референдумот и власта ги повтори зборовите на Влахов-Мицов со наменски информации дека во Македонија се влезени околу десет илјади од Русија и Украина).

Во однос на тоа дека биле цитирани негови колумни, на веб страната и на социјалните мрежи секој може да ги види моите и колумните на други членови на Извршниот комитет за да ги види ноторните лаги на Влахов-Мицов. Дури, неговите колумни беа голем срам за нас и за јавноста со зборови во насловите „фрлаат гомна“, „ебам иднината“, „курац у дупе и душа у рај…

3.Нова конструкција на Влахов-Мицов: Во недостиг на аргументи почнал хистерично да вреска дека не сум бил добар правник, сум имал само еден научен труд, па мојот докторат не бил добар, на што Миленко бил толку смешен што се смеел вцрвенето со лажна насмевка да даде дуг контекст иако сиротиот не ни разбирал што чита Влахов-Мицов како што и самиот не разбирал.

Еве ги фактите: Мојот магистерски и докторски труд се на теми за приемот на Македонија во Обединетите нации и како да го вратиме уставното име во ОН. Рецензиран е од врвни македонски авторитети по меѓународно право. Значи, покрај политичката, јас ја водам битката за името и на личен и научен план. Досега имам објавено преку 150 научни и стручни трудови и есеи од областа на меѓународното право и меѓународните односи, безбедноста и политиката. Од друга страна, Влахов-Мицов ме срамеше пред Дугин и Савин во Скопје кога им поколони негова книга и се претставуваше како врвен историчар, а книгата беше збирка на негови клумни. Па, јас ако ги објавам сите досегашни мои колумни ќе излезат најмалку пет книги.

Патем, еве ги фактите и за „научникот„ Влахов-Мицов. Откога службата му средува предвремен избор во научно звање наидува на страшна мина. Проф. д-р Катерина Тодоровска редовен професор и научен советник во Институтот за национална историја како член на комисијата дава негативна рецензија за квази-научникот Мицов, велејќи, цитирам: „После неколкумесечен напор да се прочитаат писанијата на Стефан Влахов Мицов, а согласно законските прописи констатирав дека неговите трудови немаат ниту значајни постигања, ниту оригинални достигнувања во историската наука, туку дека се работи за компилација која ни од далеку не е наука, а уште помалки историографија“.

Значи, Мицов да ти бил класичен измамник кој се претставува за научник. Меѓутоа, иако има негативна рецензија од член на комисијата и не ги исполнува законските критериуми, на сцена стапуваат менторите на Влахов-Мицов од тајната служба и тој експресно добива повисоко звање. Значи, скандал: од негативна рецензија до повисоко научно звање. А докторатот на Влахов-Мицов е посебна приказна, докторирал во комунистичка Бугарија на тема за бугарите каде лом ги прави Македонците.

4.Влахов-Мицов велел дека сме барале пари од Русија, дури невкусно го инволвирал и доскорешниот руски амбасадор Олег Шчербак со кого имавме прекрасна комуникација по разноразни цеременонијални поводи во интерес на македонско-руската соработка.

Еве ги фактите. При моите бројни изјави за домашни и странски медиуми, првото новинарско прашање секогаш беше има ли руски пари и руско мешање во Македонија. Доколку се погледнат моите изјави јасно кажувам дека руски пари и руско влијание се лажни приказни на власта и нивните странски ментори. Дури, секој пат потенцирав дека според македонските закони, финансирањето на партии од странски влади, странски државни органи и институции е казниво по закон и затоа се оди во затвор.

5.Влахов Мицов и Миленко во хор велеле дека ние сме реагирале со исклучување на Влахов-Мицов откако излегол со отворено писмо на порталот на Миленко.

Еве ги фактите: На седница на Извршниот комитет за исклучување на која е присутен и Влахов Мицов лично му беа предочени фактите за неговата дејност. Седницата е во ден среда. Мицов вели и јас имам документи за вас, по што јас ја прекинав седницата и му велам на Мицов на наредна седница на ИК да ги донесе документите и тој си замина. Но, Мицов, наместо да донесе некакви документи, утредента отрча кај Миленко и на неговиот портал објавува писмо полно со лаги. И толку. Значи излажа, а што може да се очекува од еден кодош на службата!?

6.Нова конструкција од Влахов-Мицов и Миленко. Јас сум одработувал за власта, а нашата 20-дневна кампања за референдумот била млатење празна слама.

Еве ги фактите: Сите говори и наши настапи на терен беа референдумот да не успее. Во 20-дневната камапања јас немав ниту една изјава за македонските телевизии. Тогаш, какво е тоа одработување кога власта ги има телевизиите!? Напротив, тие што одработуваат ги пуштаат секоја вечер на телевизии оти никој не најмува некој да одработува, а да седи дома!? Според шашавата логика на Миленко и Влахов Мицов, произлегува дека власта не плаќала жестоко да ја напаѓаме и да работиме во корист на Русија, а против НАТО, во услови кога власта е само за НАТО!? А за млатењето празна слама нека му служи на чест, оти во 20-дневната кампања од Кризниот штаб одевме дома само на спиење и на крај заедно со македонскиот народ победивме.

За крај нешто и на личен план оти според мене, ако сум се определил за политика, мора пред мојот народ и подетално да се претставам за разлика од другите политичари. Јас имав државна работа во МВР со прекрасни привилегии и плата за македонски услови. Во 2002 година излегов и ја почнав мојата политичка борба оти ја имав таа можност да ги видам предавствата во Татковинската војна во 2001 година.

Преку 15 години се борам против партиите кои 27 години лажат, крадат и ја растураат државата. Живи се Заев и Груевски, можат да посведочат дека не им прифатив коалиција, со СДСМ на парламентарните избори во 2014, и со ВМРО-ДПМЕ на локалните во 2009, 2013, 2017 и парламентарните во 2016. Општо познато е дека во нивните коалиции има по дваесетина сателитски партии чии претседатели се или пратеници или директори или било какви функционери, така што, за мене не бил предизвик функција, туку има повисоко нешто што се вика Македонија и Македонците.

Нема власт во Македонија што може да ме купи оти јас немам намера сега на оваа возраст од 52 години да ги напуштам моите идеали, дотолку повеќе, во целиот мој живот откога памтам за себе и во Југославија и во Македонија, досега не сум имал проблем за пари и егзистенција, а ќе ги немам ниту до крајот на животот, односно ги имам и повеќе отколку што треба за македонски услови. Така што, макар до крај останал вечно во опозиција, моето начело ќе биде дека треба да живееме, работиме и ако треба да умреме за Македонија оти влогот е голем – македонскиот народ и македонската држава.

Почитувани читатели, се разбира, кога ќе го читате текстот може да верувате или да не верувате на кажаното. Затоа, повикувам на најсилниот и несоборлив аргумент: Нека повелат Миленко, Влахов – Мицов и било кој друг заинтересиран да извадат се што имаат: Која функција сум ја имал кај Груевски или Заев; Кој тендер го имам добиено кај Заев или Груевски; Која донација ја имам добиено ка Груевски или Заев; Која субвенција ја имам добиено кај Груевски или Заев; Или, воопшто, која привилегија ја имам добиено. Или, да преформулирам со сиот ризик да бидам и нескромен: Нема акуелен политичар во Македонија, ОСВЕН ЈАС, кој не шетал во коалиции и кај едните – СДСМ и кај другите – ВМРО-ДПМНЕ и не добивал функции, тендери, донации, субвенции… со одработување и за Заев и за Груевски! Ова мораше да го напишам на крајот, земајќи ја предвид мојата досегашна беспрекорна 25 годишна професионална кариера без ниту една афера или дамка.

Место во Единствена Македонија за оние кои сакаат да имаат двојна улога, да бидат политичари и соработници на тајната служба, повеќе нема да има. Врз основа на изнесените факти, безпредметна е секаква понатамошна полемика со кодоши на тајната служба бидејќи ние влегуваме во завршна битка со власта.

проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

image_print