70

Залагањето на Мицкоски и Заев за избор на јавен обвинител по партиска линија – пораз на правната држава

Jan 23 2020
(0) Comments

Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија се силно вознемирени од жестоката битка меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски кој да го бира јавниот обвинител и да има контрола врз обвинителските предмети, со цел, да ги заштитат своите луѓе од раководството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски и должат одговор на јавноста од каде извира нивното право да го приватизираат и партизираат изборот на јавен обвинител и изборот да го извршат по партиска линија.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски  директно газат по законите во државата и ја поразија правната држава оти знаат или би требало да знаат дека изборот на јавен обвинител не може да се третира како партиска забава туку, треба да се бира на јавен оглас според знаење, способност и достигнување.

Новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека во корен ќе ја сосече погубната практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партизираност на обвинителскиот систем во изминатите 30 години кој им овозможува да влегуваат во власта како голтари а да си заминуваат од власта како најголеми капиталисти.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 23 јануари 2020

Опсервер

Македонски весник

Вести

image_print