115 (фб)

Заев, џабе плачеш кај странските газди по ходниците во Брисел, ти нема спас од македонскиот народ

Jun 06 2019
(0) Comments

Зоран Заев продолжува да ја понижува Република Македонија на меѓународен план со најновото поданичко молење на неговите странаски газди во Брисел да дадат датум за преговори оти ќе паднела неговата влада.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев веднаш да се врати во Татковината, и наместо во Брисел, тука во Република Македонија да ја води битката за својата влада. Недозволиво е Заев да шета по Брисле и таму да ја бламира сопствената држава.

Прашањето за една македонска влада се решава во Република Македонија, а не во Брисел и затоа, Зоран Заев за своите политики со кои избриша се што е македонско нека се соочи со македонскиот народ, па така, со сите расположиви демократски механизми да ја води борбата за својата власт доколку македонскиот народ е задоволен од него, а не да ја понижува својата држава кај европските бирократи.

Заев, џабе плачеш и молиш кај твоите странски газди по ходниците во Брисел да ти ја спасат марионетската власт во Скопје. Избриша име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ. Во земјата владее безаконие, корупуција и криминал. Ти нема спас од македонскиот народ кој драстично ќе те казни на следните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 6 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка 

Скопје 1

Тајм

Вести

Дејли

Грид