Фотографија 1

Заев ја потценува жртвата на бранителите во Арачиново, ние никогаш да не заборавиме на бранителите-херои

Jun 23 2019
(0) Comments

Зоран Заев денеска не беше во Арачиново да одаде почит на загинатите македонски бранители кои загинаа во Татковинската војна на денешен ден пред 18 години во битката за Арачиново.

Зоран Заев постојано се фали со едно општество за сите, но, во замисленото општество на Заев има место само за Албанците а не и за Македонците. Нашите херои од Татковинската војна за Заев не заслужуваат внимание. Заев гази по достоинството на бранителите и нивните семејства и ја потценува жртвата што ја дадоа македонските херои во Татковинската војна.

Марионетата Заев го интересираат само прашања поврзани со албанското малцинство а негира се што е поврзано со Македонците. Во изминатите две години Заев неколку пати го посетуваше Арачиново и таму не можеше да ги наброи проектите за Албанците финансирани од буџетот, како на пример, изградбата на општинска зграда, училиште, градинка, локални патишта, канализација и други објекти во Арачиново.

Меѓутоа, Заев одбива поставување спомен – обележје на: Никола Пехчевски, Атанас Јанев Александар Стојчев и Оливер Китановски, бранители кои загинаа во Арачиново во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е оддавање достојна почит на бранителите – херои и решавање на проблемите на преживеаните бранители и семејствата на загинатите бранители. Луѓето кои го дадоа својот живот за татковината, ја заслужуваат нашата почит, а не да се гази врз нивната жртва, дадена за нашата држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 23 јуни 2019

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Макпрес

Скопје 1

24 Инфо

Весник

Точка

Вечер

Тајм

Вести

Дејли

Грид