Фотографија,

Заев, што стана со кривичната пријава за Груевски за примен поткуп од 1,5 милиони евра за Македонска Банка

Jun 12 2019
(0) Comments

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал во континуитет ја замајува јавноста со смешни обвиненија за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на луксузниот мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, па за некакви нарачани шамари во општина Центар, за бегството на Груевски, за укинување на пратеничката плата и најново сега со одземањето на пратеничкиот мандат на Груевски.

Манипулациите на Зоран Заев повеќе не минуваат. Заев во предизборната кампања рече дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и дека доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено и конфискувано.

Го прашуваме Заев до каде е со кривичната пријава против Груевски што му ја поднесе во 2014 за примен поткуп од 1,5 милиони евра во врска со продажбата на Македонска Банка. Тогаш Заев изјавуваше дека кривичната пријава е поткрепена со докази, но не очекува постапување од тогашниот обвинител Марко Зврлевски кој го нарекуваше партиска испостава на Груевски. Останува нејсано, зошто сега кога Заев има независен и непристрасен Јавен обвинител, пак нема реакција за кривичната пријава против Груевски.

Наместо одземање на украденото од претходната власт на Груевски, секојдевнно гледаме како се редат скандали со кражба на народни пари од Заев, актуелни министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добиваат лиценци за бизниси, тендери и грантови во милиони евра.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 30 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 12 јуни 2019

А1 он

Скопје 1

Тајм

Вести