159

Заев повторно го крши уставот и со лидерските средби

Jul 19 2018
(0) Comments

Зоран Заев вчера обелодени дека на лидерската средба за референдумот ги поканил сите партии кои се само за членство на Македонија во НАТО и ЕУ со што продолжува да го крши Уставот во неговиот очајнички поход да сруши се што е македонско.

Во Уставот е запишано дека граѓаните може да се изјаснуваат на референдум и дека Македонија може да стапи во членство во меѓународни организации, меѓутоа, во Уставот не пишува дека тие меѓународни организации треба да бидат НАТО и ЕУ, туку било која од повеќето меѓународни организации и сојузи кои постојат во светот.

Оттука, на лидерските средби референдумот не може да биде прашање само на една алтернатива – НАТО и ЕУ, туку, потребно е почитување на концептот за референдум како прашање од интерес за целиот народ со вклученост на двете постојни алтернативи во земјата: НАТО и ЕУ или Русија и ЕЕУ.

Зоран Заев уште еднаш го погази Уставот. Марионетската власт во Скопје очајнички се обидува да ја исклучи алтернативата Русија и ЕЕУ и секој кој размислува различно од неа и нивните странски ментори. Заев може да договара со сите партии кои се за НАТО и ЕУ само заеднички настап и референдумска кампања, но, не може да одлучува само со НАТО и ЕУ партии за суштината на референдумот како прашање од интерес за целиот народ.

По доаѓањето на новата легална власт на Единствена Македонија, одговорност за кршење на Уставот мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 19 јули 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Весник

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print