115 (фб)

Заев како и Груевски нарачува апсења по однапред изготвен список

Feb 21 2019
(0) Comments

Единствена Македонија го осудува истиот пристап на Зоран Заев со оној на поранешниот премиер Никола Груевски, борбата со криминалот да се води според политичко сценарио и по однапред изготвен список.

Никола Груевски по изборната победа во 2006 година изготви список на дваесет и пет функционери од поразениот СДСМ кои еден по еден се гонеа редоследно по политичка проценка за одвлекување на вниманието на јавноста од афери и неповолни настани поврзани со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев сега тргнува по стапките на Груевски со процесуирање и темпирање на криминални случаи кога има настани што негативно влијаат на рејтингот на владата на СДСМ а сето тоа по однапред изготвен список од Заев иако секој оној што се води од искрена борба за расчистување со криминалот не треба да се служи со маркетиншки трикови.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја сосече во корен праксата на гонење на криминал според политичко сценарио дефинирано во некој список, дотолку повеќе, покрај национална ќе спроведеме и социјална револуција што подразбира ревизија и одземање на украдените десетици милијарди евра во приватизацискиот и постприватизацискиот период во изминатите 28 години.   

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 21 февруари 2019

Медиуми:

А1 он

Вести 24

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид