12

Заев е срам за македонските херои, подига споменик на бугарски полковник, а го сруши споменикот на Ќосето

Aug 03 2019
(0) Comments

Зоран Заев одбра на големиот слободарски празник Илинден да ја срами Македонија со подигнувањето и поклонувањето во Дојран пред споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев кој бил претставник на политиката за делење и распарчување на Македонија.

Од друга страна, на Зоран Заев без око да му трепне го урна споменикот на Андон Јанев Ќосето кој се борел за слободна и независна Македонија.

Зоран Заев отвора ново поглавје. Ќе ја брише македонската историја со подигнување антимакедонски споменици на странски војсководци, а ке ги отстранува спомениците на македонските херои кои животот го положија за слободна и независна Македонија.

Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ и никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските херои, ќе го одржува жив споменот на храбрите македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија. Сите споменици на антимакедонска основа, од страна на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, ќе бидат отстранети.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 3 август 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести