Фотографија

Заев да каже по кој член од Уставот и законите ќе потроши преку 10 милиони евра само за владина кампања за референдумот

Aug 19 2018
(0) Comments

Марионетската влада во Скопје ги задолжи сите министерства и другите органи на државната управа да одвојат средства за кампања за референдумот кои ќе достигнат преку десет милиони евра имајќи предвид дека само од едно министерство Шеќеринска веќе одвои 1 милион евра народни пари за кампања за референдумот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Ги предупредуваме сите министерства и другите државни органи дека одвојувањето пари само за владината кампања за референдумот нема уставна и законска основа, бидејќи е потребно или и владата и противниците да се финансираат од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства за кампањата за референдумот.

Го повикуваме Заев да ја каже уставната и законската основа со цитирање на конкретни членови од Уставот и законите кои му даваат право да потроши преку 10 милиони евра во кампања за референдумот.

Крајот на марионетската власт во Скопје се ближи и сите кои ќе направат кривично дело со неуставното и незаконското трошење на буџетски пари само за еднострана владина кампања за референдумот, ќе одговоараат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 19 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Опсервер

Светски новости

Агенда

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print