115 (фб)

Заев да го каже потеклото на 150 милиони евра на фирмите за производство на дрога

Nov 12 2019
(0) Comments

Производителите на дрога вчера на нивниот предупредувачки протест пред владата обелоденија дека вложиле фантастични 150 милиони евра во бизнисот со дрога.

Зоран Заев како премиер на земја која е само втора држава во цела Европа која дозволи производство на дрога, да обелодени пред македонската јавност од каде им се 150 милиони евра на производителите на дрога, или попознато како обелоденување на потеклото на капиталот, вклучително и фирмите на Заев кои имаат лиценца за производтство на дрога.

Дотолку повеќе, на протестот пред владата имаше и интересни ликови од проектот „Скопје 2014“ кои сега заработените пари од споменици ги вложуваат во производствот на дрога.

Вистината е дека во Македонија владее безаконие, корупција и криминал. Македонија станува мафијашка држава на дилери со дрога што ќе им носи профит од над 100 милиони евра.

А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот му треба и малку романтика.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија ќе воведе целосна државна контрола над производството на канабис за медицински цели и лекот ќе се добива бесплатно на товар на државата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 12 ноември 2019

Скопје 1

Макпрес

Тајм

Вести

Дејли

Грид

image_print