Заев го призна тврдењето на Единствена Македонија дека проблемот се македонските јаничари, а не Бојко Борисов кој е горд на татарското потекло

Зоран Заев во интервју за еден од медиумите на „ѕверот“ наречен „Дојчле Веле“, потврди дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не е пречка за Македонија. На тој начин Заев најпосле собра храброст да го признае она што Единствена Македонија го кажува во изминатите три години дека проблемот меѓу Македонија и Бугарија го прават македонските јаничари од типот на Захариева, Каракачанов, Ковачев… кои не издржале во историјата, а Бојко Борисов не е никаков проблем бидејќи тој е горд на своето татарско потекло.

Патем, Захариева, Каракачанов и Ковачев уште еднаш ја потврдуваат  поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.

Заев од почит кон својот „брат“ Борисов, сега е во обврска да ги приложи пред јавноста неспорните историски факти дека немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско – монголско потекло и дека проблемот се одродените македонски јаничари во Бугарија кои потклекнале пред егзархиската пропаганда. Заев должи одговор на народот за вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 19 ноември 2020