Фотографија

Заев ги кажа фирмите за одгледување на дрога, сега да каже и од каде им се 40-те милиони евра инвестиција

Apr 12 2019
(0) Comments

Зоран Заев вчера објави листата на 15 компании за одгледување на дрога, инвестиција според Заев вредна над 40 милиони евра. Заев сега да каже и како овие компании заработиле 40 милиони евра кои ги вложуваат во производство на дрога или попознато како обелоденување на потеклото на капиталот, вклучително и фирмите на Заев.

Дотолку повеќе, во списокот за бизнис со дрога има и фирми на Заев. Во последната телевизиска дебата меѓу Заев и Мицковски,  Заев рече дека неговите фирми плаќаат годишно по десет милиони евра данок што значи дека според даночните стапки ако Заев плаќа толку данок прави чист профит од 100 милиони евра и оттука Заев треба транспаретно да каже како заработува 100 милиони евра годишно.

Вистината е дека во Македонија владее безаконие, корупција и криминал. Македонија станува мафијашка држава на дилери со дрога што ќе им носи над 100 милиони евра дополнителен профит покрај другите бизниси.

А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот му треба и малку романтика.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме криминалците и да направиме ревизија и одземање на стекнатото во криминалниот приватизациски и постприватизациски период во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 12 април 2019

Медиуми:

А1 он

Фокус

Тајм

Вести

Дејли

Грид