115 (фб)

Собранието на Македонија да усвои документ за почитување на татарско-монголското потеко на бугарскиот народ

Oct 10 2019
(0) Comments

Единствена Македонија со неверување гледа како македонските државни органи се неми набљудувачи на крајно агресивната бугарска политика за укинување и обезличување на македонскиот народ. Поминаа два дена од усвојувањето на т.н. рамковен документ од бугарската влада, а целосен молк од македонска страна иако најновиот бугарски документ  е уценувачки и го руши македонското национално ткиво.

Единствена Македонија ги повикува македонските пратеници да одржат итна седница на која Собранието на Република Македонија ќе донесе рамковен документ за почитување на татарско-монголското потекло на бугарскиот народ. Истовремено, со овој документ македонските пратеници до крај да ја разјаснат историската вистина дека еден дел од бугарското население е со македонско етничко потекло, дека во историјата повеќе бугарски влади како и значајни државни институции во минатото и денес ги раководат Македонци кои за жал не издржале во историјата, а бугарскиот народ влече корени од татарско-монголската етничка група.

Единствена Македонија ги повикува и охрабрува македонските пратеници да не се плашат да ја кажуваат вистината која базира на историски извори за татарско-монголско потекло на Бугарите.     

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 10 октомври 2019

Скопје 1

Макпрес

Грид

Дејли

Вести

Тајм