Фотографија

Скандалозно е лекување од коронавирус во приватни болници за 12.000 евра, потребно е национализација на приватни болници, хотели, возен парк и други објекти

Apr 10 2021
(0) Comments

Единствена Македонија е згрозена од информацијата дека 20-дневно лекување од коронавирусот во приватните болници изнесува 12.000 евра.

Единствена Македонија ја повикува владата да изврши целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки во сопственост на македонските тајкун, а кое нешто е  потребно во ова тешко време со здравствената катастрофа.

Ова е крајно морална и правична  мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

Сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот.

Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но, и на смртни слуачи. Сега е најважно здравјето на народот.

Единствена Македонија очекува од владата прифаќање на оваа мерка, која всушност е реафирмирање на нашиот предлог од мај годинава и кој има основ во Уставот на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 10 април 2021

Медиуми:

Скопје 1

Макфакс

Македонски весник

Вечер

Новости

Весник

Центар

МТМ

24 Инфо

Точка

Утрински весник

Вести

Тајм

Дејли

Грид

image_print