115 (фб)

Единствена Македонија објави јавен повик за избор на претседатели на општински комитети

Oct 14 2020
(0) Comments

Извршниот комитет на Единствена Македонија на својата редовна седница ја разгледа општествено-политичката ситуација во државата, а беше донесена и одлука за објавување на јавен повик за кандидирање на претседатели на општински  комитети на партијата.

Со ова започнува процесот за внатрешно реструктурирање и реформи во Единствена Македонија со цел јакнење на партиските капацитети.

Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси има обврска да ги ангажира најдобрите и најмотивираните кандидати во битката заедно со народот против злото во Република Македонија кое наметна безаконие, корупција, криминал и национално предавство.

Јавниот Повик важи за сите 80 општини во Република Македонија.

Кандидатите за претседатели на Општинските комитети на Единствена Македонија е потребно да достават допис за кандидирање со свои податоци. По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Единствена Македонија и со него ќе биде извршен разговор.

Кандидатите треба својата кандидатура да ја достават најдоцна до 18 ноември 2020 година (среда) преку електронска пошта press@edinstvenamakedonija.mk или во инбокс на фејсбук страната на Единствена Македонија или во седиштето на партијата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 14 октомври 2020

Охрид 1

Македонски весник

Скопје 1

Тајм

 

image_print