1

Единствена Македонија и Тврдокорни потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за изборите на 12 април

Mar 10 2020
(0) Comments

Партијата Единствена Македонија и Родољубното здружение Тврдокорни, денеска, понеделник, 9 март 2020 потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за парламентарните избори на 12 април.

Општ заклучок кај потписниците на Меморандумот е дека на Македонија не и треба обединување околу лидери и поединци, туку, обединување врз основа на Платформа со јасни определби за одбрана на националните и државните интереси.

Единствена Македонија и Тврдокорни се согласни дека антимакедонските договори со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, мора да се поништат.

Тврдокорни ќе го вложат целиот свој потенцијал и активно ќе работи на терен во предизборната кампања, со цел, да помогне во победата на изборите на Единствена Македонија како единствената автентична национална и патриотска партија, но, Тврдокорни до крај ќе остане на својата аполитичка определба и за таа цел нема да учествува на Листите на кандидати за пратеници.

Единствена Македонија и Тврдокорни остануваат на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси. Единствена Макеоднија и Тврдокорни се силно убедени дека заедно со народот на 12 април ќе победат во Битката за Република Македонија.

Да живее Република Македонија

Да живее македонскиот народ

Да живеат државјаните на Република Македонија

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 9 март 2020

Медиуми:

Македонски весник

Скопје 1

А1 он

Макфакс

Локално

Точка

Стандард

Народен глас

Тајм

Грид

Вести

Дејли

 

image_print